Приведен битолчанец, осуден на казна затвор од три години

Полициски службеници од СВР Битола синоќа во 22.15 часот на улица „Шералти“ го лишиле од слобода У.К.(36) од битолското село Граешница.

Како што соопшти МВР, тој бил осуден на казна затвор во траење од три години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. 

Лицето било барано по централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Битола за доиздржување на една година и седум месеци од казната.

Од МВР посочуваат дека лицето било спроведено во казнено – поправната установа за доиздржување на казната.