Приведен е 31-годишен жител од струмичкото село Колешино бидејќи кај него е пронајдена марихуана, а при претрес на локации за кои претходно имало сознанија дека тој чува марихуана, биле пронајдени две тегли со оваа дрога.
Триесет и едногодишниот З.М. е приведен во полициската станица во Струмица, а за случајот е запознат и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица. По целосно документирање на случајот, во текот на денот тој ќе биде изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Струмица.