Приведен штипјанец поради бегство од штипскиот затвор

Полициски службеници лишиле од слобода штипјанец баран по распишана потерница од затворот во Штип, каде избегал додека издржувал казна затвор.

-Денеска во 00:05 часот на автопат А1, во правец од Неготино кон Градско, во близина на „Црвени брегови“, од страна на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Михајлово при Регионален центар за гранични работи Југ е лишен од слобода Р.Џ.(26) од Штип, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. 

Лицето е приведено и спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.