ПРИНЦОТ ХАРИ ГО НАПУШТА ЛОНДОН! Поминал само 45 минути со својот татко

Принцот Хари вчера пристигна во Лондон откако дозна дека неговиот татко боледува од рак

Војводата од Сасекс денеска се вратил на аеродромот Хитроу во Лондон, а наводно се враќа во Калифорнија.
Хари во вторникот полета за Лондон со 10-часовен лет од Лос Анџелес и пристигна во кралската резиденција во 14.52 часот по локално време.

Како што пренесуваат медиумите, тој поминал околу 45 минути со својот татко, кралот Чарлс.

Тие имале кратка средба пред кралот и кралицата Камила да бидат однесени во Бакингемската палата, каде што го чекаше хеликоптер за да ги однесе до Сандригам.