ЛОШИ ВЕСТИ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ: Поскапуваат патарините во Грција, еве колку!

Во пресметката на трошоците за следниот одмор, доколку летувате во Грција, треба да го вклучите и поскапувањето на патарините.

Во просек, тој изнесува нешто повеќе од 7,5 отсто , што би значело дека на грчките патарини ќе треба да платите и до три евра повеќе од претходната година. Надлежните најавуваат дека позабележителен скок на цените ќе има следната и следната година.
Цената зависи, се разбира, од делот во кој патувате. Така, од Солун до Атина наместо 31,35 евра сега е 33,75 евра , додека од Атина до Патра сегашната цена е 12,7 евра и изнесуваше 11,8 . Оние што ќе ја користат комплетната релација Каламата-Атина ќе платат 15 евра , што е зголемување за 1,05 евра , а од Атина до Јанина треба да подготват 51,15 евра наместо 38,25 што чинеше во 2023 година.

Тоа се сумите што ги покриваат целосните делници , а македонските туристи кои имаат намера да летуваат на Халкидики или Тасос, секако, ќе платат многу помалку, така што поскапувањето нема значително да влијае на нивниот буџет .

Она што е интересно е иницијативата на Здружението на хотелиери на Грција  , кои бараат од грчката влада да воведе мерки за намалување на метежот на границата и туристите да можат побрзо да стигнат до своите дестинации . Тие предлагаат да се изградат капацитети и да се прошират граничните премини, а во текот на сезоната да се вработат повеќе кадри работна сила за се да работи многу побрзо.