Сабаленка го освои Мадрид, Квитова се повлече од турнирот во Рим

Белоруската тенисерка Арина Саболенка ја победи Ига Швјонтек во финалето на турнирот во Мадрид со 6:3, 3:6 и 6:3. За Сабаленка ова беше 13. титула во кариерата – и прва по Австралија Опен. Ова е нејзина втора победа во Мадрид и петта на Мастерс 1.000.

Севкупно, нејзиниот биланс во финалето сега е 13:10. Белорусинката по четврти пат во кариерата го победи првиот рекет на светот (по двапати Ешли Барти и Швјонтек).

За разлика од Сабаленка, 10-от светски рекет Петра Квитова нема да игра на Мастерс 1000 турнирот во Рим.

Чехинката извести дека сè уште чувствува непријатност во десното стапало, но очекува да се опорави до Ролан Гарос.

Наместо Квитова, во главната ждрепка влезе Нурија Паризас Дијаз