ПРИСТИГНУВА МОЌНО ОРУЖЈЕ – Азиска земја ги купува моќните ракети со кои САД го нападнаа Јемен

Јапонија во четвртокот потпиша договор со Соединетите Американски Држави (САД) за купување до 400 крстосувачки ракети Tomahawk („Томахавк“).

Набавката на крстосувачки ракети доаѓа како одговор на зголемените регионални закани.

Владата на премиерот Фуми Кишида вети дека ќе ги удвои своите годишни трошоци за одбрана на околу 10 трилиони јени (68 милијарди долари) до 2027 година, што ќе ја направи Јапонија трета по големина воена потрошувачка во светот по САД и Кина.

Министерот за одбрана на Јапонија, Минору Кихара, во декември објави одлука за забрзување на распоредувањето на некои ракети земја-воздух Tomahawk и јапонски тип 12, почнувајќи од фискалната 2025 година, една година пред првичниот план.

Владата вели дека Јапонија се соочува со „најтешкото“ безбедносно опкружување од Втората светска војна поради заканите од Кина и Северна Кореја, што ја натера да ја засили воената соработка со САД, Австралија, Велика Британија и други пријателски нации.