Притвор за тројца од петтемина уапсени во врска со исчезнувањето на 14-годишната скопјанка Вања Ѓорчевска

48-часовен притвор за тројца од петтемина уапсени во петокот во врска со исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, соопшти Јавното обвинителство.

Како што соопштија од Обвинителството, во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази.

„За тројца од петтемина уапсени вчера, јавниот обвинител при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување притвор од 48 часа за обезбедување присуство до целосно расчистување на инцидентот. Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи ќе ја информираат јавноста штом ќе се создадат услови кои нема да ја нарушат постапката“. соопшти Јавното обвинителство, пренесува Portalb.mk.

Секоја шпекулација со цел загрозување на истрагата во овој момент ќе биде најстрого казнета, апелираат од оваа институција.

Во петокот вечерта беа уапсени пет лица и одземено возило за кое се верува дека е поврзано со исчезнувањето на Вања, но полицијата не соопштува повеќе детали.

Веќе помина една недела од утрото кога Вања исчезна на пат кон училиште. Случајот го соопшти мајката на тинејџерката преку објава на социјалните мрежи.

Девојчето вчера и официјално беше објавено на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи (МИА) во регистарот на исчезнати лица со нејзина портрет фотографија и опис. На 29 ноември Интерпол објави меѓународна потерница.