Проверете дали пиете доволно вода со едноставен тест

Ако се сомневате дека сте дехидрирани, постои едноставен тест кој ќе ви каже дали пиете доволно вода. Стиснете ја кожата на раката. Кожата со нормален тургор или еластичност брзо ќе се врати во својата нормална положба кога ќе се ослободи. Благата дехидрација ќе предизвика бавно враќање на кожата во нејзината нормална положба. Со други зборови, време е за течности.

Но, според дерматологот Кристоф Либич, постојат подобри показатели дека на телото му е потребна вода. Тоа се летаргија, главоболка или сува уста.

„Кожата не реагира веднаш на недостаток на течност. Како дерматолог, можам да видам дека на кожата и недостасува вообичаениот сјај и влажност, но на лаик ќе му биде тешко да процени“, додаде тој.

Во топлите денови нè советува да пиеме повеќе од предложениот минимум еден и пол литар вода.