СВР Куманово поднесе кривична пријава против правното лице од с.Рраманли, кумановско и против Б.М.(46) од Куманово, одговорно лице во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и тргување со штетна храна и др. производи“.
На 01.02.2023 година, на ул.„Индустриска“ во Куманово, од страна на полициски службеници бил запрен Б.М., при што при извршената контрола било констатирано дека има стока со поминат рок.
Во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, извршен е проверка на нерегистриран магацин сопственост на второпријавеното правно лице и одземена е стока со поминат рок.