Прозорците се распарчија а куќата почна да гори: Девојка од Газа покажа како останала без покривот над главата – најлош е звукот на бомбите (видео)

Ескалацијата на насилството на Блискиот Исток, што следеше по нападот на Хамас врз Израел, веќе однесе повеќе од 2.000 животи од двете страни, додека бројот на повредени се искачи на речиси 10.000 луѓе.

Сцените на насилство за време на упадот на Хамас во јужен Израел се застрашувачки и ја поттикнаа израелската одмаздничка операција во Појасот Газа.

Една Палестинка на социјалните мрежи документирала што се случило во текот на денот во опколениот град. Како што рече таа во видеото објавено на TikTok, во Појасот Газа воопшто нема струја и интернет.

-Бомбите паднаа до мојата куќа, ова е нашиот прозорец, буквално се скрши – се слуша девојката на видеото, додека ја прикажува уништената дневна соба.

Тогаш се слуша звукот на бомбите кои паѓаат врз градот.

– ,,Ова е погледот од нашата тераса. Буквално нема поглед, како што можете да видите“, рече таа, покажувајќи на густата прашина што покри сè по бомбардирањето.

На крајот од видеото, по евакуацијата, таа се снимала на улица, пред нејзината куќа.

– Ова е нашата зграда, ние сме на улица. Не знам каде одиме, ништо не знаеме. Нашата куќа гори зад мене – рече таа покажувајќи кон запалената зграда.