Промени во процесот на одлучување во ЕУ и можните последици за Македонија

Европската унија минатата недела почна да работи на реформски идеи за олеснување на процесот на проширување. Во образложението на Комисијата се наведува дека „Унијата мора да се продлабочува додека се шири и да ја користи експанзијата како катализатор за напредок“. Едно од најважните прашања е начинот на кој се носат одлуките, дали Унијата ќе продолжи да одлучува едногласно или со квалификувано мнозинство.

Според Марко Трошановски од Институтот за демократија, ова прашање може значително да влијае на процесот на разговори за Македонија.

„Она што нè засега, секако, е начинот на кој се носат одлуките. Сегашното едногласно одлучување води до ситуација во која секоја земја членка може да блокира каква било одлука во која било фаза. За нас тоа секако се рефлектира во аспектот на преговарачкиот процес кој е пред нас и затоа има толкав отпор во нашето општество, знаејќи дека злонамерните земји или нивните прокси играчи, членки на ЕУ, можат да не блокираат за се. “, изјави Марко Трошановски – Институт за демократија.

Во таканаречениот реформски документ на Комисијата, се наведува дека во проширена Унија би било уште потешко да се постигне едногласност и со тоа би се зголемил ризикот одредени одлуки да бидат блокирани од барем една земја членка.