Пронајдени 18 изгорени тела во грчкиот регион Еврос зафатен од голем шумски пожар

– Безживотни тела на 18 лица се пронајдени изгорени во североисточниот грчки регион Еврос, погоден од голем шумски пожар, објавија локалните медиуми.

„18 лица кои најверојатно илегално влегле во нашата земја, се изгорени во близина на шумата Дадија“, изјавил Јанис Артофиос, портпарол на грчката противпожарна служба, цитиран од јавната телевизија ЕРТ.

Потрагата продолжува низ областа каде што се пронајдени телата, се додава во веста.

Според соопштеното, најмалку еден лекар и вештаци за судска медицина се веќе на местото на настанот.