Пронајдено телото на удавениот во Дојранско Езеро

– Нуркачите од САЕ Тигар на МВР пред малку го пронајдоа телото на удавениот штипјанец и го извлекуваат на брегот на Дојранското Езеро.

Веста ја соопштија од МВР, откако по неколкучасовна потрага телото на удавениот штипјанец на 42 годишна возраст беше лоцирано во водите на Дојранско Езеро.

Несреќата се случи денеска околу 11:30 часот, кога во СВР Струмица било пријавено дека во Дојран, во непосредна близина на Градската плажа, едно лице паднало од педалинка во езерото и се удавило, а за настанот бил известен јавен обвинител.