Пропадна и последниот тендер – грчката фирма нема да го гради Чебрен

Истече рокот кој грчката фирма „Архиродон“ го имаше за да стави потпис на договорот за проектот „Чебрен“ и изградба на хидроцентралата на Црна река. Со ова повеќе од извесно е дека ќе пропадне и 14-от тендер за изградба на „Чебрен“.

Според информациите на министерка за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денeска е формиран тим од правници кои веќе работеле на проектот и тие имаа имаат задача да ја разгледаат комплетата документација за тендерот и најдоцна до утре да донесат препораки кои треба да бидат следните чекори на надлежните институции во Македонија. Оваа препорака потоа министерката Шукова ќе ја достави до Владата.

Претходно не се потпиша ниту договор со грчката фирма за формирање на заедничко тело со ЕСМ за вложување и да се формира заедничка компанија која треба да продолжи со реализација на овој проект.

Грчката компанија „Архиродон“ поднесе и жалба поради тоа што условите во тендерот биле поинакви од оние кои се донеле со одлука на Влада и бараа измени.

Голем дел од експертската јавност е децидно против грчката компанија „Архиродон“ да го гради „Чебрен“ и дека тоа треба да го стори државата. Здружението на инженери се на ставот дека дека државата има капацитет да го изгради овој капитален проект, парите нема да се одлеат во странска фирма и затоа поднесоа претставки до неколку институции и претседателот Пендаровски.

Во договорот кој стои без потпис стои дека „Архиродон“ за сума од 1 милијарда евра треба да ја изгради хидроцентралата на Црна Река и за возврат ќе добие две третини од стопанисувањето во наредните шеесет години како и стопанисувањето со „ХЕЦ „Тиквеш“.