Протест пред катарската амбасада во Лондон поради заложниците

 Околу 200 луѓе протестираа денеска пред амбасадата на Катар во Лондон барајќи итно ослободување на заложниците киднапирани од палестинската милитантна група Хамас во Израел.

Демонстрантите се држеа за раце во тишина, додека на разгласот се слушаше видео од читањето на списокот со имиња и возрасти на заложници земени од членовите на Хамас, пишува Гардијан.

Некои носеа жолти ленти или израелски знамиња, додека мала група полицајци беше стационирана пред амбасадата.

Покрај тоа, плакати со имињата и сликите на киднапираните беа истакнати во близина на држачите за велосипеди пред амбасадата, јавува Танјуг.