ПРОТЕЧЕ ‘ТАЈНО’ ПИСМО НА ЕНТОНИ БЛИНКЕН – САД и официјално им ги испраќаат моќните борбени авиони F-16 на Украина !?
Соединетите Американски Држави (САД) одобрија испраќање борбени авиони F-16 во Украина од Данска и Холандија за одбрана од руските напаѓачи веднаш штом ќе заврши обуката на пилоти, потврди во четвртокот американски официјален претставник.
Украина бара борбени авиони F-16 од американско производство за да се спротивстави на руската воздушна супериорност.
Официјален Вашингтон им даде официјални гаранции на Данска и Холандија дека САД ќе го забрзаат одобрувањето на сите неопходни барања од трети страни за трансфер на F-16 во Украина со цел да ги примат откако пилотите ќе бидат обучени.
Данска и Холандија, двете земји што ја предводат коалицијата за обука, неодамна ги побараа тие гаранции.
Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, испратил писма до своите дански и холандски колеги уверувајќи ги дека барањата ќе бидат одобрени, објавија американските медиуми повикувајќи се на добро упатени извори.
„Пишувам да ја изразам целосната поддршка на САД за трансферот на борбените авиони F-16 во Украина и за обуката на украинските пилоти од квалификувани инструктори на F-16“, напишал Ентони Блинкен во писмото до двајцата официјални претставници, чија копија ја виде медиумската агенција Reuters.
Ентони Блинкен наводно додал: „Критично е Украина да може да се одбрани од тековната руска агресија и кршење на нејзиниот суверенитет“.
Тој рекол дека одобрувањето на барањата од трети страни ќе и овозможи на Украина целосно да ги искористи своите нови способности штом првата група пилоти ќе ја заврши обуката.
Претседателот на САД, Џо Бајден, во мај одобри програми за обука на украинските пилоти за борбените авиони F-16, но засега не е даден временски рок за испорака на воените авиони.