ПСЖ НОСИ ДВА ГОЛЕМИ ТАЛЕНТИ – На “Паркот на Принцовите“ пристигнува еден од најдобрите млади играчи ?

Започна зимскиот преоден рок, кој особено може да биде активен и интересен во ПСЖ каде се очекува доаѓањето на двајца талентирани играчи од Бразил.

ПСЖ вчера ги започнаа финалните преговори со дефанзивецот на Сао ПаолоЛукас Бералдо, кој според проценките вреди 15 милиони евра. Само оваа сезона Лукас Бералдо забележа 48 настапи за Сао Паоло во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Покрај пишувањата на добро упатените, наскоро за клубот од Париз треба да потпише и 18-годишниот играч за врска Габриел Москардо од Коринтијанс. Приказната ја потврди и Фабрицио Романо, кој најави дека веќе е постигнат вербален договор и дека трансферот на ПСЖ ќе чини 20 милиони плус два милиони евра дополнителни бонуси.

Габриел Москардо важи за еден од најдобрите бразилски фудбалери во својата генерација, а во последната година одигра 37 натпревари за Коринтијанс. Покрај ПСЖ, за услугите на овој фудбалер беа заинтересирани и Милан и Арсенал. Официјалното претставување на Габриел Москардо во Париз би требало да се случи по Нова Година.