ПСИХОПАТИТЕ НЕСВЕСНО ГО ПРАВАТ ОВА, И ТОА Е ОНА ШТО ГИ ИЗДАВА: Ова е единствениот начин да ги препознаете, внимавајте

Психопатите имаат за цел да ве натераат да се сомневате во вашата интуиција

Овие луѓе често ги замислуваме како ладнокрвни убијци или генијалци изолирани од општеството, а тие можат да бидат и мажи и жени.

Бидејќи се проценува дека психопатите сочинуваат еден процент од популацијата, веројатно сте сретнале барем еден во вашиот живот.

Ако има списоци на особини што ги поседува психопатот , понекогаш е тешко да се препознаат во кратки секојдневни разговори. Наместо на особини, треба да обрнете внимание на фразите што ги користат, советува на својот блог Џексон Мекензи, кој напиша книга за психопатите.

„Премногу ги анализирате работите“

Можеби навистина сте премногу преокупирани со малите нешта, но најчесто целта на овие обвинувања е да поттикнат чувство на вина кај жртвата, наместо да ги натераат психопатите да ја прифатат одговорноста за своите постапки.

– Психопатите имаат за цел да ве натераат да се сомневате во вашата интуиција, обвинувајќи ве за се што прави да се чувствувате лошо – тврди Мекензи.

„Мразам драма“

– Наскоро ќе сфатите дека околу нив има повеќе драма отколку околу другите луѓе што ги познавате – истакнува Мекензи.

„Погрешно ме разбра“

Повторно, контекстот е важен. Ако вашиот шеф ви каже дека нешто не е во ред на работа, немојте веднаш да го обвинувате дека е психопат. Психопатите намерно ве провоцираат, а потоа ви кажуваат дека погрешно сте ги разбрале.

„Толку сте чувствителни“

Психопатите ќе ве турнат до точката на кршење, а потоа ќе ве наречат чувствителни.

– Психопатите предизвикуваат чувства кај другите, така функционираат – тврди Мекензи.

Научниците имаат објаснување зошто сè уште не сме сретнале вонземјани!

„Ти си луд, ти си биполарен, ти си љубоморен, ти си заљубен во мене“

Психопатите имаат тенденција да ги обвинуваат другите дека се луди или да тврдат дека тие луѓе се заљубени во нив.

– Излези од таа врска. Нема пораки, повици, мејлови, дури ни Фејсбук пријателства. Во спротивно, ќе направат се за да ве полудат – заклучува Мекензи.