Пукано врз автомобилот на турскиот амбасадор во Картум

Според информациите добиени од дипломатски извори, пукано е врз возилото на амбасадорот Чобаноглу, кое било дел од конвојот на турската Амбасада во Судан, каде што продолжуваат судирите во земјата. Во инцидентот нема жртви или повредени

Во Судан, каде што продолжуваат судирите меѓу Армијата и Силите за брза поддршка (СБП), пукано е врз возилото на турскиот амбасадор во Картум, Исмаил Чобаноглу, кое било дел од конвојот на Амбасадата. Во инцидентот нема жртви или повредени.

Според информациите добиени од дипломатски извори, пукано е врз возилото на амбасадорот Чобаноглу, кое било дел од конвојот на турската Амбасада во Судан, каде што продолжуваат судирите во земјата. Во инцидентот нема загинати или повредени, а сторителите сѐ уште не се познати.

Конфликт меѓу Армијата и СБП во Судан

Несогласувањето во последните неколку месеци околу „воената безбедносна реформа“, што предвидуваше целосно учество на Силите за брза поддршка (СБП) во војската во Судан, која беше формирана во 2013 година за поддршка на владините сили против вооружените бунтовници во регионот Дарфур, се претвори во жежок конфликт, почнувајќи утрото на 15 април.

Судан е без функционална влада од октомври 2021 година, кога војската ја разреши преодната Влада на премиерот Абдула Хамдок и прогласи вонредна состојба во потег што политичките сили го нарекоа државен удар.

Транзицискиот период на Судан, што започна во август 2019 година по соборувањето на претседателот Омар ал-Башир, треба да заврши со избори на почетокот на 2024 година.

Од почетокот на судирите досега, според суданското Министерство за здравство, животот го изгубиле над 550 луѓе, а повеќе од 5.000 се повредени.

AA / ТРТ БАЛКАН