Пукање во гаражите на трговскиот центар „Ист гејт“: Мета бил екстрадиран бегалец?

Пукање од огнено оружје попладнево се случило во трговскиот центар „Ист гејт“ во Скопје.  

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека е пријавено пукање, кое според првичните информации се случило во гаражите, односно паркингот на трговскиот центар. Како што информираат од МВР првично, до сега нема пријава за повредено лице

 Според неофицијални иформации се вели дека во гаражите во трговскиот центар било пукано кон Раде Трајковски – Штекли, бегалец кој се бараше со меѓународна потерница за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди.

Пред две години тој беше екстрадиран од Србија и предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор во Шутка. Се бараше со потерница за издржување на казна затвор од шест месеци.