Утре и задутре, од 8 до 16 часот, ќе работи пунктот за промена на лични документи без закажување во Полициската станица „Пролет“ во Скопје.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, граѓаните кои сакаат да направат промена на личните документи во овој пункт, тоа можат да го направат без претходно закажување.
В сабота од 8 до 16 часот ќе работат и шалтерите за издавање на готови документи во објектите во МРТВ и Беко.