,,Путине, знаеме каде си во секој момент, Хаг не ти бега!” Украинските разузнавачи го открија планот за Путин: Уште еден воен лидер се следи 24/7

Украинската воена разузнавачка служба во реално време ја следи локацијата на рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на Вагнер, Евгениј Пригожин.

Ова го тврди Андриј Јусов од разузнавачката служба на украинското Министерство за одбрана.

– Тоа не е нешто што може да се сокрие – изјави Јусов за „Киев пост“ и нагласи дека украинската служба знае каде се наоѓа Путин во секое време и покрај сите обиди и напори да се сокријат таквите информации со помош на разни технологии, вклучително и употребата на двојници.

Според него, основачот на приватната руска воена група Вагнер се движи многу послободно.

– Секако дека знаеме каде живеат. Путин е добро чувана личност. Пригожин не е таков и се однесува можеби најслободно меѓу рускиот естаблишмент. Сите тие информации ни се познати нам и на нашите партнери и често се следат во реално време – додаде украинскиот разузнавач.

Јусов вели дека во моментов нема никакви намери или планови за ликвидација на Путин и Пригожин.

-Приоритет е сите воени злосторници да бидат казнети. Украина, како цивилизирана земја, е заинтересирана таа казна да биде извршена во рамките на меѓународното право на меѓународен суд. Во овој контекст, приоритет број еден за Украина и главната разузнавачка управа е да го доведат Путин во Хаг на судење пред тој суд – рече Јусов.