Рускиот претседател Владимир Путин го разреши досегашниот министер за одбрана Сергеј Шојгу од позицијата, а веста ја пренесоа дел од медиумите.
На негово место доаѓа Андреј Белоусов. Белоусов, досега беше прв вицепремиер, по образование е економист.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека промената во министерството нема да ја промени воената стратегија на земјата, бидејќи таа е под надлежност на Генералштабот.
Тој вели дека ова назначување никако нема да го промени досегашниот систем на координација, воената компонента отсекогаш била привилегија на началникот на Генералштабот, таа ќе продолжи со своите активности, а засега не се предвидуваат никакви промени во овој поглед.
На прашањето на новинарите дали Белоусов ќе добие воен чин, Песков одговори: Тоа не е најважно во моментов.