ПУТИН ЗАБРАНИ КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНСКИ ИНФОРМАТИЧКИ СИСТЕМИ: Државните органи нема да можат да ги користат од 1 јануари 2026 година
Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој им се забранува на владините агенции да користат странски географски информациски системи.
Ова се однесува и на технологии и алатки за обработка на просторни податоци. Забраната стапува на сила од 1 јануари 2026 година и се однесува на органите на државната управа и локалната самоуправа, на нивните подредени организации, но и на правните лица кои се занимаваат со снабдување со електрична енергија, гас и вода, како и со собирање смет.
Дополнително, согласно законот, доколку овие правни лица вршат или набавуваат геодетски и картографски работи, ќе имаат обврска да ги испратат добиените податоци и материјали до сојузниот фонд за просторни податоци.
Законот, исто така, содржи промени поврзани со создавање и работа на федерална мрежа на геодетски станици, вклучително и диференцијални, бидејќи на таквите станици постојано се примаат сигнали од сателитските навигациски системи.