ЃОКОВИЌ ВЕЧЕРАЛ ВО ЦРНА ГОРА ЗА 16 ЕВРА: Сите беа зачудени ! А еве каков беше БАКШИШОТ

Новак Ѓоковиќ ужива на заслужен одмор во Црна Гора. Српскиот ас се однесува крајно скромно и луѓето се воодушевени од тоа.

– Ноле веќе некое време е во Портоново, а годинава дојде по втор пат. Нашиот ресторан е еден од најскромните каде што може да се јаде на оваа локација – изјави еден од вработените за Блиц и додаде:

– Новак побара целосен оброк со пијалок за 16 евра, сите беа изненадени. Дојде таму без помпа, како и сите други… Дојде, убаво вечера, остави добар бакшиш, се сликаше со сите, воопшто не се однесуваше како ѕвезда! Секаде се однесува исто, на сите им одговара, ги воодушевувал гостите, многумина сакале да се сликаат со него кога сфатиле кој е таму – заклучила работникот во ресторанот.

Новак Ѓоковиќ

Ѓоковиќ повеќе од десет дена е во Црна Гора, а следна дестинација ќе му биде Америка каде ќе „брка“ нова Грен слем титула на УС Опен.