Путин: Западот би можел да прибегне кон саботажа бидејќи санкциите се бескорисни

 – Рускиот претседател Владимир Путин денеска на состанок за економски прашања оцени дека Западот би можел да прибегне кон саботажа бидејќи, како што рече, санкциите против Русија се „бескорисни“.

Тој потсети на саботажата на гасоводот „Северен тек“, како и на неодамнешните обиди да се обвини Русија за штетата на гасоводот меѓу Финска и Естонија и изјави дека таквите настани можат да се искористат за „нанесување штета“ на Русија.

Путин побара таквите ризици да се пресметаат однапред и проактивно да се реагира, јавија локалните медиуми.