ПУТИН ЗБОРУВАШЕ СО ЕРДОГАН: Турскиот претседател инсистираше на ова – еве што се разговараше

Портпаролот на Кремљ неодамна објави дека рускиот претседател е во неговиот кабинет во Кремљ и дека постојано ги следи настаните во земјата.

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган, соопшти Кремљ.

Главна тема на разговор беше актуелната ситуација во Русија по вооружениот бунт на членовите на платеничката група Вагнер.

– Турскиот претседател изрази целосна поддршка за понатамошните чекори на руското раководство – соопшти Кремљ.

Во соопштението се наведува дека турскиот претседател инсистирал на поканата.

Портпаролот на Кремљ неодамна објави дека рускиот претседател е во неговиот кабинет во Кремљ и дека постојано ги следи настаните во земјата. Претходно денеска Вагнерците објавија дека зазеле клучни воени објекти во двата руски града Ростов и Воронеж.