Путин најави финансиска истрага за угостителската компанија на Пригожин

– Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска најави дека ќе биде спроведена финансиска истрага во угостителската компанија на Евгениј Пригожин, шефот на платеничката група „Вагнер“, додавајќи дека таа и нејзиниот основач минатата година добиле речиси две милијарди долари од Русија.

Путин првично вети дека ќе го задуши бунтот, споредувајќи го со превирањата од Првата светска војна, што доведе до револуции во 1917 година, а потоа и до граѓанска војна, но подоцна беше постигнат договор што му овозможи на Пригожин и некои од неговите војници да се преселат во Белорусија.

Путин, обраќајќи им се на припадниците на руската армија на состанокот во Кремљ, истакна дека отсекогаш ги почитувал борците на „Вагнер“, но и дека факт е дека групата е „целосно финансирана“ од државниот буџет, потенцирајчи оти паравоената група добила 86 милијарди рубљи (околу една милијарда евра) од мај 2022 до истиот месец од годинава од руското Министерство за одбрана.

„Конкорд“, угостителската компанија на Пригожин, заработила и 80 милијарди рубљи (935946 долари)од владините договори за снабдување на руската војска со храна, рече Путин.

– Се надевам дека никој ништо не украл или, да речеме, украл помалку како дел од таа работа, но ние, се разбира, сè ќе истражиме, наведе Путин.