Путин: „Нема да се откажеме од тоа што е наше“

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави рече дека Русија ќе биде подготвена да разговара со Украина, САД и Европа за иднината на Украина доколку сакаат, но Москва ќе ги брани своите национални интереси.

Путин, кој ја нападна Украина во февруари 2022 година, постојано изјавува дека  отворен за мировни преговори, но западните власти веруваат дека тој ги чека претседателските избори во САД во ноември пред да направи вистински напор.

– Во Украина, оние кои се агресивни кон Русија, како и во САД и во Европа – дали сакаат да преговараат? Па, нека, но ние ќе го направиме тоа врз основа на нашите национални интереси, им рекол Путин на воените претставници во Москва.

– Нема да се откажеме од тоа што е наше, рече тој.

Русија контролира околу 17,5 отсто од меѓународно признатата територија на Украина.

Русија го анектираше Крим во 2014 година, а за четирите украински региони што делумно ги контролира, исто така тврди дека се дел од Русија.

Киев возвраќа дека нема да има мир додека последниот руски војник не биде протеран од земјата.

Путин рече и дека САД ја искористуваат Европа за свои интереси и дека Русија не планира војна во Европа.

Членството на Украина во НАТО „не е прифатливо за Русија ни за 10 ни за 20 години“, потенцира Путин.