ПУТИН ОДИ ВО ТУРЦИЈА: Претседателот на Русија ја прифати поканата на Ердоган да ја посети – ВАЖНА ТЕМА НА МАСАТА
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се договори со неговиот руски колега Владимир Путин за скорешна посета на рускиот претседател на Турција. Ова денеска го соопшти Дирекцијата за комуникации на турското претседателство по телефонскиот разговор меѓу двајцата лидери, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер.
Претседателот Ердоган денеска имаше телефонски разговор со рускиот претседател Путин. Во текот на разговорот, лидерите постигнаа согласност по прашањето за посетата на Путин на Турција, соопшти Дирекцијата за комуникации. Датумот на посетата не е наведен.
Од прес-службата на Кремљ потврдија дека во тек се подготовките за евентуална средба меѓу двајцата лидери.
Во телефонскиот разговор двајцата шефови на држави разговарале и за опциите за продолжување на договорот за извоз на жито од украинските пристаништа. Турскиот лидер посочи дека Турција ќе продолжи да вложува активни напори и да ја користи дипломатијата за да продолжи со функционирањето на таканаречениот договор за жито. Ердоган ја истакна важноста на црноморската иницијатива, која според него претставува „мост на мирот“, информира Дирекцијата за комуникации на турското претседателство, истакнува ТРТ-Хабер.
Минатиот месец Москва го прекина учеството во Договорот за жито