Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека решението за проблемите во односите со Македонија лежи во имплементацијата на Копенхашките критериуми за членство во ЕУ и во почитувањето на човековите права.
Тој нагласи дека Бугарија отсекогаш била двигател на европската интеграција на земјите од Западен Балкан.
Радев за грчката државна новинска агенција „АНА-МПА“ изјави дека „веќе нема потреба да се зборува за бугарското вето, бидејќи има јасен заклучок на Европскиот совет од јули минатата година и договорена е преговарачка рамка“.
„Овие европски, а не бугарски, барања јасно укажуваат дека Република Македонија треба да го измени својот Устав за да им даде можност на Бугарите да имаат уставна заштита и еднакви права додека се вклучени на еднаква основа со другите национални држави во оваа земја“, нагласи тој.
Радев уште еднаш повика на отстранување на говорот на омраза и нападите врз Бугарите кои живеат во Македонија.