Радослав го убил синот (19), па ја повикал сопругата и ѝ признал сè: Уште пред десет години се заканувал дека ќе ги убие децата

Словачката полиција го приведе Радослав (49) под сомнение дека во саботата вечерта го убил својот 19-годишен син.

Полиција повикала сопругата на Радослав, која тој претходно ја информирал за сработеното.

Патролата пристигнала во станот во Хлоховец околу 20:30 часот и затекнала млад човек со повеќе убодни рани, кој не давал знаци на живот. Наводно Радослав го нашле на блискиот стадион и го привеле.

Братот на осомничениот Радослав и соседите велат дека често пиел, но и дека „синот знаел да влече“, и дека често се карале.

Според медиумите, кобната вечер Радослав пијан влегол во својот автомобил и отишол на бензинска пумпа оддалечена неколку километри да наполни гориво. После тоа се вратил во станот и ја повикал сопругата да и’ каже што направил. Не е јасно дали го убил синот пред или откако отишол на пумпата.

,,Таа веќе не живее со него, но тој и’ се јавил и и’ кажал што направил. Таа веднаш дошла и повикала полиција. Двајцата знаеја да пијат, а малиот знаел да го нападне. Јас не знам што се случи сега се случи“, рече братот на осомничениот Радослав.

Радослав веќе и’ бил познат на полицијата, бидејќи пред десет години се забарикадирал во станот со своите деца и им се заканил дека ќе ги убие. Потоа на лице место пристигнале преговарачките тимови и Радослав по неколку часа ја отворил вратата од станот. Не е познато дали тогаш бил приведен или осуден.