Разбојник во Скопје фатен на дело при обид да ограби златарница

 Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска го лишиле од слобода С.Ј.(43).

Како што соопшти МВР, тој бил фатен при обид да изврши разбојништво во златарница во Градскиот трговски центар, заканувајќи се со пиштол на вработеното лице.

-С.Ј. е приведен во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, наведуваат од МВР.