Рама донира 1 милион евра за Турција, во кампањата „Türkiye One Heart“

Премиерот на Албанија, Еди Рама, во телевизиската кампања „Türkiye One Heart“ донираше 1 милион евра „во име на владата и албанскиот народ“.

Рама телефонски директно е поврзан со кампањата што се емитува на турската телевизија, каде досега се собрани близу 5,7 милијарди евра од донатори од Турција и од странство.

Албанскиот премиер рече дека нема да ја заборават помошта што Турција и ја понуди на Албанија во земјотресот во 2019 година.

Повеќе од 35.000 луѓе ги загубија животите од земјотресите од 6 февруари со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш, кои погодија повеќе од 13 милиони луѓе во десет турски провинции, вклучувајќи ги провинциите Хатај, Газиантеп, Адијаман, Малатија, Адана, Дијарбакир, Килис, Османије и Шанлиурфа.

Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, исто така ги почувствуваа силните потреси што ја погодија јужна Турција со разлика од помалку од 10 часа.