РАМЗАН КАДИРОВ ЖИВ ГО ЗАКОРИЛ СВОЈОТ ЛИЧЕН ДОКТОР !? На угледниот лекар му се губи секаква трага, а се шират морничави гласини: “Не е виден со месеци…“

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров (46 г.), наводно жив го закопал својот личен доктор и поранешен вицепремиер Елхан Сулејманов.

Ова неофицијално го пренесува германскиот весник Bild, повикувајќи се на рускиот познат профил на социјалната мрежа Телеграм CPC-OGPU, кој има 800.000 претплатници. CPC-OGPU, повикувајќи се на извори запознаени со случајот, наведува дека Рамзан Кадиров го обвинил Елхан Сулејманов за сериозно влошување на неговата здравствена состојба.

Здравјето на Рамзан Кадиров беше предмет на многу медиумски шпекулации, особено на почетокот на годината. Доста се здебели, изгледаше многу подуено, а често не можеше да ги отвори очите на видеата, а потоа се зборуваше за можен проблем со бубрезите.

CPC-OGPU наведува дека најблиските соработници на Рамзан Кадиров го убедиле дека е отруен. Докторот, наводно, претходно му дал одредени инјекции и Рамзан Кадиров мислел дека поради тоа му се слошило.

Елхан Сулејманов потоа бил разрешен од функцијата вицепремиер во текот на ноќта во октомври 2022 година. Во тогашното официјално соопштение е наведено дека Елхан Сулејманов поднел оставка, но Bild пишува дека оттогаш не е виден и најверојатно е убиен. Оттогаш, исто така, нема активност на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм, кој секојдневно го користел.

Според информациите од CPC-OGPU, Рамзан Кадиров, наводно, неколку пати бил лекуван во Дубаи поради труење.

Украинскиот функционер Антон Герашченко зборуваше за мистериозното исчезнување на личниот доктор на чеченскиот лидер.

Елхан Сулејманов беше извонредна личност во околината на Рамзан Кадиров, тој беше Лезгин, а не Чеченец и имаше импресивно професионално искуство во медицината. Неговото ненадејно исчезнување и мистериозната смрт покренуваат многу прашања“, напиша Антон Герашченко во објава на социјалната мрежа Х (Твитер).

Засега нема официјална потврда дека Елхан Сулејманов е мртов.