Рамиз Мерко се огласи откако беше прогласен за „нон грата“ од САД: Ќе ги замрзне сите партиски активности

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, кој пред неколку дена беше прогласен за „нон грата“ од САД, конечно се појави во јавноста.

Во објава на својата Фејсбук страница напиша дека ќе ги замрзне сите партиски активности. Мерко пишува и дека ќе биде отворен за поддршка на правдата.

Во продолжение целосната објава на Рамиз Мерко:

Од претседателот Вилсон до денес, Соединетите Американски Држави се наш сојузник во секој предизвик и заедно реализиравме многу значајни проекти за државата, градот и граѓаните на Струга. Секогаш ја поздравувам и ја поддржувам континуираната американска поддршка за нашата земја и граѓаните на Струга. По најновиот развој на настаните во врска со одлуката на американскиот Стејт департмент, не сакав да комуницирам во корист на процесите за кои ќе бидам отворен како и секогаш за поддршка на правдата и за секој процес во правосудните органи од страна на институцијата Општина Струга и од моја страна ќе биде доставен во најкраток можен рок бидејќи секогаш сум бил транспарентен до органите на правдата и до сите други институции. За ова, во интерес на процесот, Решив да ја замрзнам секоја активност во партиските структури до затворање на важни процеси за сите. На крајот, сакам да им се заблагодарам на секој граѓанин за поддршката низ годините, но и поддршката што не ја штедеше и овие денови, а кои убеден сум дека ќе ги поминеме заедно, за да создадеме услови за подобар живот на Стружани и не само, за Струга што ја сакаме.