МАКРОН ГИ СЛЕДИ НАСТАНИТЕ ВО РУСИЈА ОД ЧАС ВО ЧАС: Открива што се случува во рускиот табор и повикува на ВНИМАНИЕ!

Ситуацијата се уште се развива

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека бунтот на паравоената формација „Вагнер“  против военото раководство на Русија покажува, како што наведе, „поделби во рускиот камп“ и укажува на кревкоста на руските вооружени сили.

Макрон во врска со случувањата во Русија за изданието на дневниот весник „Прованс“ изјави дека треба да се биде внимателен бидејќи ситуацијата се уште се развива.

– Но, тоа ги покажува поделбите што постојат во рамките на рускиот камп, кревкоста и на нејзината армија и на нејзините помошни сили, како што е групата Вагнер – рече Макрон. Тој додаде дека настаните во Русија ги следел „од час во час“.

– Сето ова треба да не држи на стража и целосно да ја оправда поддршката што им ја даваме на Украинците во нивниот отпор –  изјави Макрон за весникот Марсеј пред денешната посета на тој град на југот на Франција.