ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ХРВАТСКА?! Најголемиот воен брод на светот вплови во близина на Сплит, погледнете фотографии (ФОТО)

Се напојува од два нуклеарни реактори.

Американскиот носач на авиони Џералд Р. Форд (CVN 78) се закотви пред Сплит во понеделник наутро. Тоа е најновиот, но и најголемиот носач на авиони во американската морнарица. Не само тоа – ова е и најголемиот носач на авиони во светот, а всушност најголемиот воен брод некогаш изграден.

Џералд Р. Форд е првиот носач на авиони во својата класа (наречен по него – класата Форд), а во оперативна услуга беше прифатен во 2017 година. Неговиот развој траеше со години, а вкупните трошоци се искачија на дури 13 милијарди долари (не вклучувајќи ги парите потрошени за развој на целата класа). Самиот брод е со огромни размери – долг е 337 метри, висок 76 метри, а тежи повеќе од 100.000 тони.

Се напојува со два нуклеарни реактори А1Б произведени од Бехтел, кои му овозможуваат да плови речиси 25 години пред да го замени нуклеарното гориво.

На бродот има повеќе од 4.500 морнари и друг персонал, вклучително и пилоти и луѓе кои управуваат со сите авиони на бродот (вкупно до 75 авиони и хеликоптери).