Раперот и забранил на жената да зборува: Покрај тоа, и дал список што смее да јаде

Канје Вест и издаде нови упатства на својата партнерка Бјанка Ценсори, барајќи од неа „никогаш да не зборува“, како и низа правила по кои треба да живее.

Ова се однесува на сите аспекти на животот, па дури и на одредени видови храна што може да јаде и што може да носи, тврди изворот.

Веста доаѓа во услови на постојани стравувања од фановите дека раперот манипулира со својата таканаречена „сопруга“.

Изворот вели и дека Бјанка повеќе нема свое мислење и наместо тоа едноставно ги слуша наредбите на раперот, а тој наводно ја убедувал дека имаат „кралски статус“.

Покрај тоа што мора да молчи, неговата партнерка мора да внимава и што носи, односно не смее да се појавува во јавноста во стајлинг без негово одобрение.

Исто така, таа мора редовно да тренира и да ја одржува фигурата, иако самиот Кање тоа не го практикува.

Да потсетиме, раперот неодамна направи скандал во Венеција, поради што доби доживотна забрана да вози чамец на кој го покажа задникот.