Расправата за разрешување на министрите од алтернатива продолжува утре

Пратениците во денешното попладне на продолжението на 104. седница на Собранието продолжија со расправата за Предлогот за разрешување на министрите и замениците министри од Алтернатива, односно за разрешување на министерот за здравство. Дебатата ќе продолжи утре во 12:00 часот.

Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во својот говор рече дека станува збор за разрешувања кои немаат врска со програмата на Владата која е предложена пред само една година, туку се наменети и се поврзани со партиски пазарења.

„Тие се слични на „пазарот 3“ – понуда, побарувачка, имено кој бара повеќе, кој повеќе ќе понуди. Вака се составува и се гради оваа Влада. Се пазарите на грбот на народот на Македонија“, рече Лефков.

Во одговор, Соња Мираковска од ПРСД му порача дека не е време за ВМРО-ДПМНЕ, туку за храбри политичари кои носат храбри одлуки во интерес на граѓаните.

Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека и да се изгласа оваа влада, како што рече, предвиденото мнозинство нема да може да овозможи нормално функционирање на Собранието. Таа додаде дека тоа ќе го видите за две-три недели по гласањето на владата.

Таравари нема да ви донесе ништо повеќе од тоа што го имате“, рече Лашкоска.

Фадил Зендели од БЕСА во својот говор рече дека БЕСА ќе остане опозициска партија до одржувањето на следните избори, без разлика дали се предвремени или регуларни.

„Сметаме дека денеска не е време да се разговара за разрешување на министри, туку време е да се оди на предвремени избори, бидејќи владата не успеа да обезбеди добар стандард за нашите граѓани и нема резултати на полето на владеење на правото.и корупција. Не можеме да кажеме дека сте за европски принципи, туку се работи само за математика и бројки. Имаме само влада која сака да опстане и да купува време. Не е време да имаме таква влада, туку влада со полн капацитет“, потенцира Зендели.

Во 18:00 часот потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина седницата и нејзиното продолжение го закажа за утре во 12:00 часот.