Раста оди во Турција на трансплантација на коса? Ова ќе го чини 3.000 евра: Подготвен е на се, само да си го врати препознатливиот изглед

Девојката е покрај него и максимално го поддржува

Стефан Ѓуриќ Раста наводно повторно си ги пресекол древите бидејќи почнал да ќелавува. Претходно ги „соблече“ кога се роди неговата ќерка Тара, но овој пат, според упатен за локален медиум, ситуацијата е многу посериозна. 

Раперот е подготвен на се за да си го врати и препознатливиот изглед и моментално нарушената самодоверба. Трансплантацијата, на која, според понатамошните написи, сериозно се одлучил, ќе го чини 3.000 евра. 

– Раста со месеци ја бараше најдобрата клиника која се занимава со оваа процедура и конечно успеа да најде нешто што му одговара. Планира да оди во Турција на трансплантација на коса, а за оваа интервенција ќе потроши 3.000 евра – тврди извор за „Ало“