Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, денеска извршиле службен разговор со Б.В.(23) од Битола кој се сомничи дека извршил пет тешки кражби, при што од куќи, објект и возило, на подрачјето на Битола, одзел повеќе предмети, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираат дека Б.В. ги признал делата, а дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.