Реакции за посетата на косовскиот премиер

Наместо одговор за посетата на косовскиот премиер Курти на земјава, кој во Чаир присуствуваше на преименување на улица и во Тетово на концерт, каде се вееше знамето со картата на голема Албанија, градоначалникот на Тетово Биљаљ Касами на социјалните мрежи објави ново видео со песната добредојдовте во Албанија.

Реакциите не стивнуваат. Осуда од претседателот Пендаровски. Смета дека со истакнување на знамето со карта на голема Албанија се разгорува етничката омраза и нетрпеливост со што недвосмислено се напаѓаат вредностите на Рамковниот договор. Заземањето на државните симболи тој бара организаторите да бидат санкционирани. Преименувањето на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“ – вели е спротивно на принципот на демократската дебата.

И за овие настани со меѓусебни обвинувања. СДСМ прстот го впери во Христијан Мицкоски за кој што е во неформална пакт со Касами, додека ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и мнозинството се вклучени во организацијата на посетата на Курти .

По секоја цена сакаме да проблематизираме и ние не сме тие што го вееле знамето. Наместо осуда за настанот, претседателот на новоформираната партија демократско движење и пратеникот Изет Меџити, кој беше во првите редови до Курти, рече дека на многу спортски натпревари се истакнуваат знамиња од Кутлиш и голема Македонија.

Албин Курти во земјата беше пречекан со албанско, косовско, но не и со македонското знаме. Еднодневната посета на косовскиот премиер помина без државниот врв.