Реал Мадрид и Барселона на 29 јули во Арлингтон

 Фудбалерите на Реал Мадрид и Барселона ќе одиграат на 29 јули пријателски натпревари во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас, во рамки на турнир кој вклучува уште шест екипи, соопштија организаторите.

Ова ќе биде трет пријателски натпревар меѓу Реал и Барселона во САД, по Мајами 2017 и Хјустон, минатиот јули.

Покрај двата шпански гиганти, на подготвителниот турнир в САД ќе настапат и Манчестер јунајтед, Арсенал, Милан и Јувентус.

Одиграни ќе бидат вкупно осум натпревари, а турнирот ќе почне на 22 јули со дуелот меѓу Барселона и Јувентус во Санта Клара. Последниот натпревар е закажан за 2 август меѓу Јувентус и Реал Мадрид во Орландо.