Реал подготвува финална понуда за Кејн

 – Реал Мадрид очекува да потроши не повеќе од 100 милиони евра за трансферот на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

Според „АС“, раководството на клубот го подготвува последниот предлог за трансфер на 29-годишниот Британец. Доколку Спарс не бидат задоволни со тоа,Реал ќе ја откаже реализацијата на трансферот.

Кејн минатата сезона заврши на 2. место во Премиер лигата по ефикасност со 30 гола на 38 натпревари. 

Актуелниот договор на фудбалерот со Тотенхем истекува летото 2024 година.