Револуционерно откритие: Се тестира крвен тест за порано откривање на најсмртоносните тумори на мозокот

„Првиот светски“ тест на крвта кој порано ги открива најсмртоносните тумори на мозокот може да го забрза лекувањето и да спаси животи.

Тестот функционира така што открива делови од туморска ДНК кои лебдат во крвотокот и може да открие тумори како што се глиобластом (еден од најагресивните тумори на мозокот), астроцитом (бавно растечки цистичен тумор на хемисферите кај возрасните и малиот мозок кај децата) и олигодендроглиом.

Истражувачите од Центарот за истражување на тумори на мозокот ги спроведоа првите студии за точноста на тестот. Тие открија дека има „висока аналитичка чувствителност, специфичност и прецизност“, според студијата во Меѓународниот весник за рак.

Тие сега се надеваат дека ќе спроведат поголеми студии во ОК за да ги потврдат резултатите и да проценат дали пациентите би можеле да имаат корист од новиот тест за само две години.

трансфузија на крв

Овој тест ги открива истите детали за клетките како и хируршката биопсија

Крвниот тест TriNetra-Glio, од Datar Cancer Genetics, функционира така што ги обојува циркулирачките клетки и ги испитува под микроскоп.

– Овој тест открива недопрени циркулирачки туморски клетки од крвта, кои може да се анализираат до истите клеточни детали како вистински примерок од ткиво. Ова може да помогне да се забрза дијагнозата, дозволувајќи им на хирурзите да применуваат приспособени третмани врз основа на таа биопсија за да ги зголемат шансите за преживување на пациентите, рече неврохирургот д-р Кевин О’Нил.

– Ова решение би можело да им помогне на луѓето каде биопсијата на мозокот или хируршката ресекција на туморот не е можна поради локацијата на туморот или други ограничувања. Со оваа технологија, дијагнозата на недостапни тумори може да стане возможна преку тест на крвта без ризик и лесен за пациентите. Сметаме дека ова би било првпат во светот бидејќи во моментов нема неинвазивни или нерадиолошки тестови за вакви типови тумори – изјави д-р Сиед.

Многу пациенти умираат во рок од една година

Помалку од 1 процент од пациентите со глиобластом живеат повеќе од 10 години, а за многумина прогнозата е само 12 месеци.

„Ова револуционерно истражување може да доведе до рана дијагноза и подобри резултати за пациентите со тумор на мозокот“, вели Ден Ноулс, извршен директор на добротворната организација, додавајќи:

– Скандалозно е да се мисли дека за две децении нема подобрување во опциите за третман на овој тип тумор , а стандардот на грижа за пациентите со ГБМ – хируршка ресекција проследена со радиотерапија и хемотерапија – останува непроменет.