Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников се заблагодарил за хуманитарната и воената помош од Македонија на денешната средба во Киев со министерката за одбрана Славјанка Петровска, јавува Телеграф Македонија.
Тој рече дека Македонија ја презеде улогата на лидер меѓу балканските земји кога станува збор за испраќање помош за Украина по руската инвазија.
„Сакам да нагласам дека Северна Македонија го презеде водството од Балканот, бидејќи тие почнаа да ни помагаат со реални средства и продолжуваат да ни помагаат. Тоа е доказ дека вистинските пријатели го докажуваат своето пријателство со вистинска помош“, рече Резников и додаде дека украинскиот народ нема да го заборави тоа.
Петровска рече дека Македонија без двоумење застана на страната на Украина, бидејќи таа е страна на правдата, човечкото достоинство и вистината.