СТРАШНО! ОЛИМПИСКИ ШАМПИОН (45) УМИРА: Му ги ампутирале стапалата и рацете, а потоа доживеа мозочен удар

Познатиот руски спортист Роман Костомаров е во многу лоша состојба и лекарите се загрижени.

На познатиот руски атлетичар Роман Костомаров (46) на почетокот на февруари за само неколку дена му беа ампутирани стапалата, а потоа и двете раце, но иако се чинеше дека закрепнувањето оди во вистинска насока, ситуацијата драстично се влоши. За жал, и поранешниот шампион во уметничко лизгање доживеа два  мозочни удари по ампутациите и сега има многу мали шанси за преживување, пренесува руски „Риа Новости“.

Костомаров е во исклучително лоша состојба и е на интензивна нега каде е ставен на респиратор поради сериозно воспаление на белите дробови предизвикано од корона вирусот. Потоа се појавила гангрена поради која лекарите морале да ги ампутираат екстремитетите, но на крајот тоа не помогнало во закрепнувањето.

„Ако се претпостави дека се работи за вирусна инфекција, која ги зафатила белите дробови и создавала проблеми со згрутчување на крвта, тогаш не била зафатена само микроциркулацијата во екстремитетите. Истите капилари се на срцето и белите дробови, но и на мозокот. Мозочните удари се многу поизразени во случај на недостаток на кислород. Тогаш се нарушува циркулацијата, нема доволно кислород и ткивото во сите органи умира. При срцев удар има руптура во близина на срцето, а при мозочен удар во близина на врвот на мозокот. Ако е така, сигурно не им е лесно на лекарите“, изјави спортскиот лекар Александар Јаблуновски за руските медиуми.

Инаку, Костомаров освои златен медал на Зимските олимписки игри во Торино во 2006 година кога настапи во пар со Татјана Навка (сопруга на портпаролот на Кремљ Димитар Песков), а потоа заедно беа двократни светски победници и три пати го освојуваа Европско првенство. Настапуваше и со Ана Семенович и Екатерина Давидова, а одамна се повлече од спортот, но остана активен како коментатор во уметничко лизгање.