Алармот за поставени бомби во училиштата продолжува и денеска

 И денеска продолжија дојавите за поставени бомби во училиштата. Утрово до 09:30 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 14 училишта во Скопје пристигнале закани за поставени бомби.

„Веднаш по добивањето на соопштенијата, од страна на полициски службеници преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и се спроведуваат антитерористички контроли и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од Министерството за внатрешни работи.

Во меѓувреме, вчера имаше рекорден број пријави за бомби во училиштата. Вкупно ги имало во 86 училишта, градинка, Заводот за рехабилитација во Скопје, како и училиште во Прилеп. Но, по проверките беше откриено дека сите биле лажни аларми.